Пејачот Дарко Лазиќ на социјалните мрежи сподели смешен момент со сопругата Каќа.
На својот Инстаграм профил често објавува смешни слики од нивното секојдневие, а овој пат пејачот се насмеа кога го спореди изгледот на Катарина на социјалните мрежи и во живо.
Имено, Лазиќ најпрвин ја зумирал фотографијата на која Катарина изгледа како милион долари во краток фустан, а потоа покажал како изгледа во домашна верзија, кога најважно и е да се чувствува удобно. Таа беше облечена во розова тренерка, зелена јакна, црна маица со принт на лав и куќни влечки со принт на зебра.
Дарко цело време „умирал“од смеа, а заедно со него и Каќа. На Лазиќ не ѝ паднало на памет да мисли на модни комбинации во нејзините четири ѕида, но најважно е што знае да се пошегува на себе.
Можете да видите како изгледало ова во видеото подолу.