Радио Милева тажно

Селин Дион објави ретка фотографија со синовите и се присети на својот сопруг: „Недостигаш“ (фото)

Селин Дион објави ретка фотографија со синовите и се присети на својот сопруг: „Недостигаш“ (фото)

Селин Дион на деветгодишнината од смртта на единствениот маж што го сакаше, сопругот Рене-Шарл Анжелил, објави ретка фотографија на која позира со нивните три сина.

Рене почина од рак на грлото само два дена пред неговиот 74-ти роденден. Беше тоа пред девет години, а неговата смрт, ја сруши славната пејачка.

Со неговото заминување, Селин остана сама со нивните три сина: Рене-Шарл, кој сега има 23 години, и 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.

„Рене, не можеме да веруваме дека те нема веќе девет години. Не поминува ден да не го почувствуваме твоето присуство, РЦ, Еди, Нелсон и јас. Ти беше мојот најголем шампио, ти беше мојот партнер и оној кој секогаш го гледаше најдоброто во мене. Те почитувам и засекогаш ќе ни недостасуваш, љубов моја… Те сакаме“, напиша Селин во трогателната објава покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Инаку, Селин и Рене беа во брак 21 година, а за нејзината кариера се грижеше од самиот почеток. Во документарецот пејачката откри дека тој е нејзината карпа, па не е ни чудо што неговата смрт ја погоди толку силно.

Многумина истакнуваат дека нивната љубовна приказна била една од најубавите и најнеобичните. Откриено е дека пејачката и Рене се запознале кога таа имала 12 години, а тој 38, а многумина биле шокирани од тврдењата дека нивната љубовна приказна започнала набргу после тоа. Но, пејачката тврдеше да не се случило ништо романтично меѓу нив додека била малолетна.

Двајцата официјално влегоа во врска кога Селин наполни 19 години.

 

To top