Радио Милева радост

„Секој ден е најубав со твојата насмевка“: Ќерката на Александар Белов наполни три години (фото)

„Секој ден е најубав со твојата насмевка“: Ќерката на Александар Белов наполни три години (фото)

Ќерката на поп- пејачот Александар Белов  вчера славеше  роденден.

Имено, во месец јануари пред три години, Александар Белов и неговата сопруга Јелена станаа родители за прв пат.

Тие сега на 13 ти  во првиот месец од годината  секогаш имаат повод за дупло славење во нивниот дом бидејќи наследничката Мина се роди на Василица или Стара нова година.

„Секој ден е најубав со твојата насмевка и љубовта што ја споделуваш со нас, Среќен 3-ти роденден!“ – напиша пејачот во описот на фотографијата што ја сподели со следбениците на Инстаграм.

Како што практикуваат повеќето родители, така и Александар и Јелена се фотографираа со Мина, а среќата и радоста се гледа на  нивните лица.

За потсетување, Македонскиот поп- пејач Александар Белов  се ожени на 29 септември 2019 година во Србија и сега живее и работи во Крагуевац.

фото: printscreen/instagram/aleksandarbelov

To top