Радио Милева задоцнет божиќ

Анета Љумаковска ја има идеалната придружба до себе за праниците: Сосема неочекувано и невидено за пред очите на сите (фото)

Анета Љумаковска ја има идеалната придружба до себе за праниците: Сосема неочекувано и невидено за пред очите на сите (фото)

По многу испеани стихови, рефрени, добиени аплаузи и бакшиш во овој празничен период кој е ултра активен за музичарите, пејачката Анета Љумаковска реши да здивне, да си даде време за себе и тоа со идеалната придружба.

Зарем има нешто поубаво за една жена- мајка кога е до своите чеда, особено ако се на далечина…

Анета за празничниот период до себе дома ја има ќерката Мони која од Германија дојде празнично кај мама, двете да си наполнат срце и душа.

А ова средба не помина така интимно бидејќи за тоа дека дружбата им била повеќе од интересна покажаа преку неколку фотографии, односно домашна фотосесија на мајка и ќерка пред елката облечени во црвени карирани пижами.

Чаша црвено вино во рака, насмевка и сигурно муабет исполнет со љубов кој им згреа душа, а го насловија како „Задоцнет Божиќ“.

Анета досега во пижами не сме ја виделе. Годинава ја изнагледавме  доста поразлична, сменета, освежена, поинаква, така што она женско „пижама парти“ беше уште едно изненадување од познатата битолчанка.

Инаку, денес Анета заедно со „Дакапо бенд“ најавува нов проект на кој работеле изминатиот период, нешто поразлично, а пемиерно ќе биде прикажано на КТВ телевизија и видео каналот Јутјуб.

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top