Како и секогаш почетокот на јануари е исполнет со празнично расположение во сите домови, а во овој студен зимски месец за време на празниците едно јадење на трпезата секогаш е присутно.
Така, за се да биде цело во домот на ТВ водителката Елена Стојановска, таа ги засука ракавите и откри дека за прв пат во животот одлучила да завитка сарми.
Водителката потоа го сними полниот лонец па гордо се пофали пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна.
Сепак, Стојановска, најпрво го покажа само капакот, па напиша:
– Како за прва сарма свиткана во животот, мислам, не сум воопшто лоша.
Таа откако се пофали и соопшти дека е презадоволна од резултатот, реши да го тргне капакот и да покаже пред јавноста што точно направила.
Дали имала дополнителна помош од некој поискусен, водителката не откри но, она што го покажа дефинитивно изгледа убаво, а несомнено било и вкусно, но се разбира само оној кој ги пробал, најдобро знае.
Инаку, Елена е познато по тесниот струк и тело на манекенка па веруваме дека не претерала со конзумација на сармите. А и да претерала… За се има прв пат…! И за кисела зелка, ориз и месо кулинарска креација и за сарма конзумација!
фото: printscreen/instagram/enna_inna