Радио Милева болна постапка

„Имам подливи“: Сопругата на Лазиќ ги намали усните за повторно да ги зголеми (фото) 

„Имам подливи“: Сопругата на Лазиќ ги намали усните за повторно да ги зголеми  (фото) 

Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, реши да ги смали усните и да го отстрани хијалуронот, а своето искуство го сподели на социјалните мрежи.

Катарина одговори на прашањата на своите следбеници, откривајќи дали процедурата е болна и нагласи дека наскоро планира повторно да ги зголеми усните.

 

 

– Јас го растворив хијалурон, инјектиравме ензим кој го раствора хијалуронот за 24 часа. Имам подливи, тоа е сосема нормално. Ме пече, но сега добив анестезија и ништо не ме боли. Ќе одам за една недела повторно да си ја средам устата – рекла таа.

 

Катарина со својата објава привлече внимание и многу коментари, додека со искрените одговори ги разјасни сомнежите на своите следбеници за оваа постапка.

Да потсетиме, неодамна доби негативен коментар за својот изглед, а Катарина со следбениците сподели што добила во пораките.

– Боже, колку лошо изгледаш – бил коментарот на еден од нејзините следбеници.

фото:  printscreen/Instagram/katarinalazic_24

To top