Радио Милева една е мајка

Андријана Јаневска и покрај бројните предновогодишни ангажмани и обврски, не и го заборави роденденот на покојната мајка и се потсети себе си, а и сите други дека и кога ја нема, најприсутна е тогаш… во нас! (ФОТО)

Андријана Јаневска и покрај бројните предновогодишни ангажмани и обврски, не и го заборави роденденот на покојната мајка и се потсети себе си, а и сите други дека и кога ја нема, најприсутна е тогаш… во нас! (ФОТО)

Една е мајка… И нема ништо поблиско од неа, од онаа која те родила и донела на овој свет. Најблиските можеби само физички заминуваат од нас, но затоа секогаш остануваат во нас, во нашите души и срца, продолжуваат вечно да живеат во нашите сеќавања.

Андријана Јаневска пред  шесет години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка Нада. Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна.

Болката и тагата по загубата на некоја драга личност, посебно родител, ни времето, ни годините, не ја лечат.

„Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа“ – изјави Андријана во една прилика кога зборуваше за загубата на нејзината мајка.

Времето тече, годините минуваат, но сеќавањата и спомените остануваат. Андријана и покрај бројните предновогодишни ангажмани и мноштвото професионални обврски и овој пат не го заборави важниот датум, роденденот на нејзината мајка и се потсети себе си дека и кога ја нема, најприсутна е тогаш. Зашто една е мајка! Така било отсекогаш и така ќе биде… засекогаш! Спомените се вечни!

Така, таа на своите Инстаграм приказни не го заборави роденденот на мајка и и се потсети на најважната жена во нејзиниот живот така што сподели една фотографиоја од младоста на нејзината мајка Наде, со гитарата в раце, под која напиша:  „Среќен роденден на мојата мајка која е во рајот“!

Во позадината оди и песната со наслов „Летај“, која самата во 2020 година ја напиша и ја посвети на нејзиниот починат родител,  за која исто така тогаш ја премиерно ја промовираше на нејзиниот роденден, па во таа  прилика појасни:

„Песната е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Денес ѝ е роденден и затоа одлучив песната да ја промовирам токму денес. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“ – напиша  тогаш Андријана во споделениот пост покрај видеото за песната, која сега одново и ја подари заедно со роденденската честитка на покојната мајка… Која и кога ја нема, најприсутна е тогаш… во нас!

Фото: Instagram/andrijana_janevska

To top