Радио Милева „среќата е за храбрите“

Александар од група „Молика“ го „здрма“ банкарот во „Се или нешто“: Музичарот за трошка храброст до милионот (фото)

Александар од група „Молика“ го „здрма“ банкарот во „Се или нешто“: Музичарот за трошка храброст до милионот (фото)

Секоја сезона од гејм шоуто „Се или нешто“ знае да понуди некоја ултра возбудлива епизода, а една таква се случи неделава кога наспроти Лила застана битолчанецот Александар Талевски, инаку тапанар на групата „Молика“.

Позитивна енергија и силна интуиција го водеше Александар низ целата игра, така што речиси до самиот крај ги имаше трите највисоки суми од кутиите, а банкарот беше поприлично здрман.

Александар уште од самиот почеток тврдеше дека милионот се наоѓа во бројот 3, но сепак немаше храброст да оди до крај и се откажа во претпоследната рунда, односно ја прифати понудата на банкарот од 120.000 денари.

Александар во продолжение ја остави тројката за крај и токму таму беше милионот. Дефинитивно една од поинтересните емисии во новата сезона на „Се или нешто“, за која завршетокот беше дека среќата ги следи храбрите, а не беше опција од случајот.

фото:Printscreen tv Sitel/ Instagram/ lilafilipovska

To top