Поп-пејачката Симона Поповска покажа како го украсила својот дом.
Таа е активна на социјалната мрежа Инстаграм, а сега пред следбениците ја сними празничната атмосфера, односно како ја украсила новогодишната елка.
На елката која ја покажа преовладуваат бели и црвени бои, лампони од мали верерички, а тука е и дедо мраз како и украсот со ознаки.
Сепак и таа не го изостави трендот кој се појави оваа година меѓу познатите па закачи голема машна на горниот дел од елката.
На видеото кое го сними ѕирка и внатрешноста на нејзиниот дом кој сега покрај ваква елка личи на слика од зимска идила.
фото: printscreen/instgaram