Радио Милева вешти раце и падната вилица...

Циркуз во „Брза кујна“: Шеф Никола и покажа на Сања Савевска што се’ умее со јајцата и водителката ја остави подзината (ВИДЕО)

Циркуз во „Брза кујна“: Шеф Никола и покажа на Сања Савевска што се’ умее со јајцата и водителката ја остави подзината (ВИДЕО)

„Брза кујна“ дефинитивно е најзабавното кулинарско шоу кое секој работен ден гледачите на телевизија Сител имаат прилика веќе осум сезони наназад да го гледаат. Со тоа прерасна во најпопуларното и воедно најгледаното од овој тип емисии.Како и не би кога двата готвачи, шеф Боби и шеф Никола освен своите разновидни готвачки вештини спакувани во 20 минути, заедно со водителката Сања Савевска која несомнено во оваа улога од сите претходни најдобро се снајде досега, секојдневно умеат да и да ја забавуваат, насмеат, расположат ТВ публиката,  со своите интерни шеги и закачки.

Дека не се само мајстори со лонецот и кутлачата покажале во повеќе наврати, ама ова што овој пат шеф Никола го изведе, спаѓа во многу повеќе од готвење. Зашто ваквите егзибиции ретко се гледаат во кујната, а уште поретко можаат да се изведат, бидејќи за нив треба посебна вештина и умешност, која ја поседуваат само  акробатите и жонглерите во циркуз!

Имено,откако водителката забележа дека шеф Никола „жонглира“ на сите страни, самоуверено го праша дали умее да жонглира и со јајца? Откако потврдно и одговори , Сања беш упорна тоа да го види и со свои очи!  Вештиот готвач од тимот на „Доматите“ реши на колешката веднаш да и ги исполни желбите, но, бидејќи имаше само две при рака, ја замоли да му го подаде и третото јајце!

Откако водителката  му ги комплетираше реквизитите за акробација, умешниот готвач стапи во жонглерска акција. Неговите две бели и нејзиното едно жолто, за егзибиции во ТВ шоуто!

„Брза кујна“ не е циркуз ниту живинарска фарма, а ни шеф Никола циркузант, ама затоа демонстрираше со својата изведба дека и тоа како умее да фасцинира! Овој пат најмногу водителката Сања Савевска, која ја остави подзината, откако и покажа што се’ умее со јајцата!

Како сето тоа изгледа, кога шеф Никола својата кулинарска ја замени со „жонглерско – живинарска вештина“, за да ја увери својата колешка дека ниту една работа не е тешка ако се знае и умее, можете да погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Фото и видео: Инстаграм/sanja_saveska/nikola_mishkovski

To top