Убави и здрави заби отсекогаш биле и ќе бидат во мода, а блескавата насмевка важела и ќе важи за најубавиот аксесоар кој го имаме на себе.
Грижата за оралното здравје секогаш треба да биде меѓу приоритетите, зашто не за џабе е кажано дека здравјето доаѓа преку устата.
А кога веќе живееме во модерно време и со бројни напредни естетски третмани, тогаш и стоматолошки невозможното може да стане возможно.
Услугата за „амаериканска насмевка“ или пак побели заби е се’ побарана, особено меѓу познатите, а некои знаат и јавно да се пофалат за сјајот од третманот и среќата за блескавата насмевка од шестка до шестка.
ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски откри дека по две години се решил да ги избели забите, и преку видео од пред и потоа покажа колку е задоволен од крајниот резултат.
View this post on Instagram
И пејачот Огнен Здравковски неодамна ја смени својата насмевка, па сега со „новите заби“ блеска оддалеку.
Убавите и здрави заби не се тренд, туку правило од кое не треба да има исклучок, а тоа се учи уште од мали нозе, нели?!
фото:instagram printscreen/ dimitaratanasovski_/Freepik/ Facebook/ Ognen Zdravkovski