Пејачката Катарина Живковиќ за тамошните медиуми изјави дека ништо не и е тешко во врска со синот, и дека ужива во секој момент што го поминува со него.
Пејачката пред два дена го промовираше третиот студиски албум „Куртизана“, на кој работеше две години и иако се породи пред само четири месеци, реши што поскоро да и го претстави на публиката.
По тој повод, Каќа организираше гала промоција во ресторанот „Вагнер“ за своите соработници, колеги и припадници на седмата сила, кои, според нејзиното признание, ги пропуштила сите овие месеци.
„ Мајчинството целосно ме промени и ме направи подобра личност. Ништо со син ми не ми е тешко, освен разделбата, која сѐ уште не е почната во голема мера – изјавила гордата мама за Информер. На прашањето на кого личи нејзиниот наследник, како од пушка рекла:
– Што да ви кажам? Го чекаш цел живот, го носиш девет месеци, го раѓаш, а тој нема ништо твое. Тој личи на неговиот татко, тој е буквално слика во огледало. Нека е жив и здрав и среќен на мајка, ништо друго не ми е важно.
фото: printscreen/instgaram