Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша во понеделникот ја претстави својата прва линија унисекс парфеми и мириси и ги извести своите фанови дека производите се распродадени.
Карлеуша веднаш го најави вториот круг на своите производи.
– Парфемот е распродаден! Првото издание на унисекс линијата „Ја“ се продаде за неколку часа! Второто издание е повторно достапно од денеска – напиша меѓу другото Карлеуша на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
На Карлеуша под објавата и честитаа колегите, меѓу првите Драгана Мирковиќ и Тина Ивановиќ.
фото: printscreen/instgaram