Тања Савиќ се прослави со учеството во шоу програмата „Ѕвездите на Гранд“ пред 20 години и оттогаш важи за една од најплатените и најслушаните пејачки.
Тања е сопственичка на бројни хитови, но како што вели е особено позната по една песна, а откако ја објави оваа нумера, нејзината кариера тргна во нагорна линија:
– „Златник“ некако направи револуција, тоа можам со сигурност да го кажам. Таа песна стана евергрин – вели пејачката.
Пејачката откри и каква музика слуша приватно:
– Верувале или не, речиси никогаш приватно не слушам народни песни. Јас сум сестрана, но не секогаш, зависи од тоа во какво расположение се будам. Цел ден, на пример, слушам Селин Дион или Витни Хјустон, а понекогаш ми доаѓа да ја слушам Верица Шерифовиќ или Шабан Шаулиќ. Чудна сум, но претпоставувам исто како и секоја уметничка душа – изјави Савиќ за Гранд.рс
Фото: printskrin/instagram/tanja_savic_private