Детската пејачка Ела Џенкинс почина на 100-годишна возраст, објави нејзиниот публицист.
Познатата музичарка од Чикаго која беше наречена и „прва дама“ на детската музика, почина на 100 години.
Ела починала на 9 ноември на 100-годишна возраст, по долго боледување пренесува „Дејли мејл“.
„Првата дама на детската музика, Ела Џенкинс, почина мирно во сабота, 9 ноември 2024 година, во дом за стари лица на езерото во Чикаго. Имаше 100 години“, се вели во соопштението на нејзиниот портпарол
.
Ела Џенкинс беше најпозната по песните како „You’ll Sing a Song and I’ll Sing a Song“, „A Long Time to Freedom“, „We Are America’s Children“, „A Life of Song“, „Holiday Times “ и други, а за време на кариерата долга повеќе од 60 години, таа исто така освои и Греми награда за животно дело.
фото: printscreen/Youtube