ТВ водителката Елена Стојановска во својата долгогодишна работа пред камери, имала можност да непосредно да се запознае, сретне и разговара со голем број познати личности од јавниот живот. Меѓу нив секако се и регионалните музички ѕвезди меѓу кои своевремено беше и музичарот Жељко Јоксимовиќ.
View this post on Instagram
Елена се присети на средбата со него од пред осум години и интервјуто кое тој предконцертно го имаше за гледачите на „Ја сакам Македонија“. Она што го зборуваа тогаш се прикажуваше во живо и го слушаа и гледаа сите, но она кога камерите се исклучија и „офф рекорд“ си кажаа Елена и Жељко, таа сподели дури сега, кога времето од годинава се покопи со она од тогаш. Она за кое најдоа заедничка тема на муабет беше што друго ако не музиката, тој како горд изведувач и автор, а таа како негов фан.
-На 8-ми ноември пред точно осум години! Му кажав која ми е омилена песна од него, а тој ми рече: „Никогаш не би рекол“ , напиша Елена во описот на спомен фотографијата која повторно доби место на нејзиниот профил од „стори“ на Инстаграм.
Елена се присети на анегдостата со српската музичка ѕвезда, а сигурно дека и тој се сеќава на интервјуто во Арената Филип II со убавата Македонка со која имеше утрински муабети.
фото:instagram printscreen/enna_inna