Радио Милева скандал

Милица Павловиќ мораше итно да го откаже концертот во Бања Лука: Пејачката доживеа непријатност 6 дена пред настапот (фото)

Милица Павловиќ мораше итно да го откаже концертот во Бања Лука: Пејачката доживеа непријатност 6 дена пред настапот (фото)

Милица Павловиќ закажа концерт за 15 ноември во Бања Лука, но нема да го одржи таму. Имено, таа преку Инстаграм ги извести сите свои фанови дека спектаклот се сели во Лакташе.

Инаку, пејачката уште во јули го резервирала терминот во салата „Борик“ и тогаш добила гаранција дека нејзиното реновирање ќе биде завршено. Но, тоа не се случи и поради таа причина нема услови да се одржи концерт во таа сала.

Како што пренесе телеграф, Милица за ова била известена на 9 ноември, на само шест дена пред спектаклот, кој е само еден во низата во рамките на нејзината турнеја „Лав“ која ја започна минатата година.

Милица ја сподели објавата на својот Инстаграм профил.

– Ве известуваме дека концертот на Милица Павловиќ кој е планиран за 15.11.2024  година во спортската сала „Борик“ во Бања Лука од технички причини (поради незавршени работи при реновирање на салата „Борик“) ќе се одржи во спортската сала во Лакташи на истиот датум 15.11.2024 година – се наведува во објавата која ја сподели пејачката и се додава:

– Сите купени билети за салата „Борик“ ќе важат и за салата во Лакташи. Бесплатен превоз ќе биде организиран за сите оние кои имаат потреба од превоз до Лакташ и имаат купено билети, а потребно е лично да се пријават во агенцијата.

фото: Printscreen/instgaram/senoritamilica

To top