Радио Милева Самоуверена,заводлива, провокативна...

Кога помалку е повеќе: Секси вибрации во студио од голите нозе на Вера Мештеровиќ (фото)

Кога помалку е повеќе: Секси вибрации во студио од голите нозе на Вера Мештеровиќ (фото)

Секоја жена во својот плакар треба да има црн фустан кој ќе и прилега на нејзината конституција, а во него ќе се чувствува пријатно, секси и самоуверено.

Позната македонска водителка, модел и поранешна мисица Вера Мештеровиќ добро знае кој е вистинскиот модел на „малиот“ црн фустан кој совршено стои на неа.

Бог ја дарил со таква маркантност што ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.

Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Вера, која секојдневно пред камерите од „Здраво Македонијо“ плени со својата харизма и атрактивна појава, пред камерите, непосредно, но и на социјалните мрежи каде знае да предизвика „хаос“.

Секоја фотографија на атрактивната водителка е празник за очи ама последните се во знакот на сексапилот, заводливоста, провокацијата…

Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а нема ниту жена која не сака да има вакви нозе за насловна страница.

фото:Instagram printscreen/ veramesterovic

To top