Вчера, недела, 3-ти ноември на гробиштата во Катланово беше поребан естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски, попознат како Зоки– Фаци.
На вечното почивалиште го исптарија најблиските од семејството и роднините, а од него за последен пат се простија и пријателите и нему блиски познати лица од јавниот и естрадниот живот.
Меѓу останатите се појави и и Бојан Јовановски, алиас Боки 13-ка, кој на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од пристигнувањето на вечното почивалиште на Зоки.
“Драг Зоки, те испративме достоинствено, нека ти биде светол патот… Последен поздрав, последна почит. Почивај во мир”- сподели тој на социјалните мрежи.
И најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска исто така спобзани на социјалните мрежи дека денес го испратила Зоки на вечното почивалиште, на достоинствен начин, онака како што му доликува.
„Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, достоинствено.
Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам . Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет :
‘’Сјај во тревата’’
Иако ништо не може да го врати
Сјајот во тревата
И убавината на цвеќето,
Ние не ќе жалиме;
Ќе најдеме сила во она што преостанува
Во блажените мисли
Кои се шират низ човековото страдание
Во верата која гледа низ смртта…💔
Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден“ – споделила Лила, која важеше за негова долгогодишни пријателка, која како и тој на социјалните мрежи повеќепат споделувале заеднички фотографии од обични секојдневни дружби, разни веселби и прослави со и без повод.
Хелена Роза која беше една од неговите најдобри, ако не и најдобрата другарка на Зоки-Фаци, од далечниот Нов Зеланд каде сега таа живее за последен пат го испрати и преку социјалните мрежи со проштална порака и колаж фотографии од нивните заеднички дружби …
View this post on Instagram
„И додека сега таму во Македонија ке те испракаат во твоето Катланово. Јас сум тука далеку физицки од тебе, но ти знаеше дека иако далеку , јас бев до тебе и со тебе секој миг. Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина. Многу, премногу ќе ми фалиш Зочко мој. Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие године поминати со тебе. Почивај во мир 🖤 Те сака твоја најдобра другарка Хеленка“ – споделила Хелена испраќајќи му икебена од свежо цвеќе која во нејзино име како последен поздрав беше положена на неговото вечно почивалиште…
Стефан Лазаров вчеравечер на Јутјуб во „Без лимит“ имаше свое живо вклучување кое во целост му беше посветено на неговиот пријател и соработник, покојниот Зоки.
„За покојникот се’ најдобро“ – вели една стара поговорка, која баш секогаш и не се почтувала, особено, не во овие времиња во кои етиката и моралот наместо на врвот се на дното, дури и во најтешките мигови. Но, од друга страна пак, некои работи не се забораваат или барем поединци не можат и не сакаат ниту да ги заборават, ниту да ги простат, па така и по смртта остануваат „да се влечат контроверзни опашки“!?
Колку за пример, во еден од минатите поткасти со Лазаров покојниот Фаци удри по своите дотогтогашни пријателки, кои барем за такви важеа, Лила Филиповска и Агнеса Органџиева. Многумина беа изненадени, вчудовидени, па дури и шокирани… од она што го слушаат и дознаваат, знаејќи ја блискоста на Фаци и неговите познати пријателки!
Ден по заминувањето на Зоки-Фаци меѓу останатото Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил се огласи со обвинувачка порака:
„На крајот од овој ден сетете се дека постои особа на која Зоки и го спаси животот и направи се’ за да се оперира, а таа не изрази ниту сочувство до фамилијата и замислете го блокираше на Инстаграм…. Еееее животе, внимавајте со кого го делите лебот!“
Во неа многумина препознаа една од погоре споменатите дами од јавниот живот… Едната од нив, во која потенцијално беше вперен прстот, со своето последно испраќање на Фаци со омилената им заедничка песна, ги демантираше можните обвинувања и отстрани сите сомнежи.
Но сите јавни личности кои одблизу го познаваа Зоки Фаци и на извесен начин соработуваа со него не беа благонаклони дури ни на неговото последно испраќање. Напротив, наместо „за покојниот се најдобро“, дури јавно споделија и тешки зборови, како на пример некогашната манекенка, мисица, модел, Сузана Ал Салкини.
Таа по веста за починувањето на Зоки Фаци на својот Фејсбук објави статус кој многумина ги фрапираше и шокираше, зашто содржината беше во најмала рака неочекувана и несоодветна за да се испрати еден покојник.
Некогашната манекенка и модел, денес режисер, сценарист, уметник и јога инструктор, како што самата се опишува, како што и најавила, подоцна го отстранила постот од својот Фејсбук, на чија страница тој повеќе не постои.
Остана само дилемата колку во сево ова има вистина, како и горчината дали навистина Фаци ова го заслужи и дали баш ова е начинот покојниот во најтешките мигови за неговото семејство, дополнително вака да се оцрни?
Од друга страна пак уште еден показател дека сите не не гледаат со исти очи, па потезите што ги влечеме, односот кон другите, добрините или пакостите кои ги правиме, очигледно ќе не следат довека… до самиот крај! За некои од нас и по смртта „ќе се влечат како контроверзни опашки!“
Фото: Фејсбук и Инстаграм: boki13official/helena.roza/lilafilipovska/_lazarovv/Suzana Al Salkini/