Водителката Николина Пишек која привлекува внимание со својот атрактивен изглед реши да направи драстична промена со која се пофали на социјалните мрежи, а нејзините следбеници не го кријат воодушевувањето за нејзиниот нов изглед.
Николина ја скрати косата и ја промени бојата на косата, а целиот процес го сними во видео.
„Длабоко вдишав и помислив – косата расте, животот е еден…а мојот живот е во премногу хаос за да направам проблем со бојата на косата. Ајде да одиме, рече „новата“ Николина Пишек.
Таа додаде дека никогаш не ризикува со квалитетот и здравјето на косата и откри каков третман добила на фризер, од кој, веруваме, ќе имаат корист нејзините фанови.
View this post on Instagram
„И, да, ја скратив должината. Сосема за моите стандарди, но повторно за да можам да кажам дека имам толку „долга“ коса. А сега имам доволно лесна основа за да си поиграм со врвовите. Едвај ја чекам следната идеја, всушност, веќе имам некоја, знаете што – кога не можете да си го промените животот – спроменете ја косата!“, рече водителката на крајот. Многумина велат дека сега личи на познатата убавица, актерката Ева Мендес.
фото: printsscreen/instgaram