Пејачот Харис Џиновиќ во голема исповед за „Гранд“ отворено проговори за семејството, разводот и врската со децата Кан и Џина.
Иако медиумите со месеци зборуваат за неговиот развод со веќе екс- сопругата Мелина, Харис открива како се справува со толку големо медиумско внимание.
– За мене не беше турбуленција, разводот не е турбуленција. Милијарди бракови се растурени, за мене тоа е нормална работа. Некој повеќе не сака да живее со некого, што сега, нема тука што. Сè има свој рок на траење, не гледам трагично – изјави Харис во емисијата „Без филтер со Сара Миа“ и додаде:
– Гледам се да оди максимално глатко, двете страни да бидат задоволни. Некој секогаш ќе биде повреден, но Боже мој. Тоа е она што е, само држете го смирено.
Разводот предизвикува голема болка и тага кај актерите, а Харис му откри на Гранд дека не се двоуми да пушти солза, што му се случи по разводот со Мелина.
-Емотивен сум, но секогаш се трудам да ја потиснам таа емоција. Често им кажувам на пријателите, ако седнам во кола и ме погоди некоја песна, можам да плачам и триста километри. Така се случува, има некои чудни емоции кои не дозволуваат солзите да престанат – откри пејачот и раскажа како успева да ги контролира емоциите во јавноста:
– Не сум гладен за големи подвизи и не страдам поради тоа. Се трудам да бидам смирен, што помалку да ме нервираат некои работи. Невозможно е да се изгасне нервозата, сама влегува и не тропа на вратата. Како и тагата, не ни треба, но се случува, тоа е составен дел од животот и човекот мора да се справи со тоа.
И пред разводот, а особено во текот на процесот, медиумите пишуваа и за неговите наследници Кан и Џина, а во својата исповед Харис зборуваше и за тоа како гледа на тоа дека тие двајцата се’ повеќе се тема на новинарите.
– Синот не е изложен на медиумите, ќерката е, таа го избрала тој начин на живот. Тоа што го работи, веројатно го прави многу успешно, млада е, убава и ги има сите атрибути за јавна работа. Сега, дали ќе се занимава со тоа и дали ќе заработи од таа работа, не знам, од неа зависи – заклучил Харис.
фото:Printscreen You Tube/ Bez Filtera sa Sarom Miom