Поп-пејачката Мадона често е на мета на јавноста со својот специфичен изглед и стил, а сега со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм ги шокираше сите свои следбеници и предизвика бура од реакции.
Таа објави фотографии како јаде супа без градник, а многумина останаа шокирани од нејзината уметничка слобода и оваа сцена ја нарекоа повеќе од одвратна.
“Не знам како може да се нарече уметник. Ова е срамно и ужасно”, “Ужасно! Зошто мораме да го видиме ова?”, “Мислам дека е време конечно да си признае дека е време да се повлече од јавниот живот!“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Пејачката неодамна во интервју за странски медиуми објасни дека нема проблем со голотијата:
– Мислам дека порнографијата е збор што укажува на некаква злоупотреба, но не мислам дека „Плејбој“ е порнографија.
Не гледам ништо порнографско на фотографии од голи жени – изјавила тогаш.
Да потсетиме, Мадона е во врска со атлетичарот Акима Морис, кој е 38 години помлад од неа и има 28 години.
Таа има неколку строги правила кои нејзиниот дечко мора да ги почитува, но како што вели таа, воопшто не му пречи.
– Мадона му дала на Акимо строги правила како услов да бидат заедно. И тој се согласи со нив бидејќи е подготвен на се само за да биде со неа – изјавил извор близок на парот за странските медиуми.