Токму како што гласи насловот на една од песните на „Некст тајм“, „Светот во раце“, гитаристот и горд татко Мартин Филиповски го објави раѓањето на неговото прво чедо- женско.
Мартин и Андреа за првпат се остварија во улогата на родители и радосната вест со фотографија од бебенцето ја споделија со јавноста на своите профили на Инстаграм.
Породувањето се случило во една првиватна скопска клиника, а новороденчето го доби името Лиана.
Веста за приновата доаѓа откако пред само неколку дена сега веќе тазе породената мајка сподели дека е влезена во деветиот месец од бременоста и едвај го чекаат моментот да пристигне приновата што сега веќе е во нивите раце.
Бидејќи во семејството Филиповски мајката на близнаците или сега баба Сузана има тројца синови, Мартин, Стефан и постариот Филип, доѓањето на првото женско внуче е особено посебно што семејството покрај двете снаи сега има и женско засилување како принова.
Честитки, да е здрава и жива Лиана!
фото:Instagram printscreen/