Радио Милева шлаг на тортата

Ваква ниту сопругот не би ја препознал: Сара Мејс како космонаут за с*кси изглед (видео) 

Ваква ниту сопругот не би ја препознал: Сара Мејс како космонаут за с*кси изглед (видео) 

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс често наоѓа време за себе и покрај обврските,  па и сега реши да се  среди.

Овој пат таа одлучи да направи чистење на кожата на лицето со  третман во  еден од козметичките салони, а дека  ужива во тоа да се почести себеси со нега покажа и сега.

Пејачката секогаш била отворена за она што го работи на себе си и својот изглед , па повторно јавно откри што направила на лицето и како се чувствува.

Сара го сними моментот додека траел третманот, а во вакво издание ниту нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг менаџерот Димитар Анатасовски  кој знае да  ја „ улови “ во необични изданија, не би ја препознал.

На нејзиниот Инстаграм профил на кратката приказна, која секојдневно ја полни, таа сподели клипче со кое на следбениците успеа да им го задржи вниманието.

Во крупен кадар таа го покажа своето лице позади маската налик на  космонаут па покажа дека естетските третмани не се толку едноставни, колку и да се во границите на нормалата, а  на следбениците им објасни што навистина значи кога ќе речат „шлаг на тортата“.

 

Нема сомнеж дека Сара ги следи иновативните решенија кои и дозволуваат да изгледа свежо и негувано, без да го промени личниот опис како и да го задржи природниот младешки  изглед.

фото: printscreen/instgaram/sarahmace__

To top