Радио Милева силен борец...

Позитивен и кога е најтешко: Зоки Фаци не можеше да дојде на доделувањето на „Бекстејџ“ наградата која Лазаров нему му ја посвети, ама затоа собра сили јавно да се заблагодари!

Позитивен и кога е најтешко: Зоки Фаци не можеше да дојде на доделувањето на „Бекстејџ“ наградата која Лазаров нему му ја посвети, ама затоа собра сили јавно да се заблагодари!

Зоран Василевски или како што сите го знаеме како Зоки Фаци, познатиот естраден новинар и водител, за жал е уште една од оние македонски јавни личности кои се соочуваат со опаката болест – канцерот. Состојбата е сериозна, но надежта никако не исчезнува, напротив… Зоки е силен борец, со верба дека состијбата ќе ја надмине, дека ќе ја добие и најтешката битка во својот живот.

Лекувањето трае, терапиите се во тек, но и покрај тоа, за жал, Зоки Фаци не можеше да дојде завчеравечер на доделувањето на „Бекстејџ“ наградата, која заедно со Стефан Лазаров ја добија за најдобар поткаст во 2024 година.

Лазаров  не го заборави својот компањон и пријател и при заблагодарувањето на говорницата, а имаше и доблест наградата јавно да му ја посвети на Фаци, преку социјалните мрежи каде сподели:

„Најдобар поткаст за 2024…  Наградата му ја посветувам на Зоки… поминавме многу среќни, но и тажни моменти. Наградава нека биде спомен за нашиот успех и се надевам дека следната година заедно ќе ја подигнеме…“ – споделил меѓу останатото Лазаров.

Зоки Фаци не можеше да дојде на доделувањето на „Бекстејџ“ наградата која Лазаров нему му ја посвети, ама затоа собра сили јавно да се заблагодари!

Веќе следното утро на неговиот Инстаграм профил осамна видеото на кое седнат во инвалидска количка и покрај серизоноста на состојбата, онака чешит како што го дал Бог, се пошегува на своја сметка, но и јавно им се заблагодари на сите за кои сметаше дека треба:

„Здраво дечки, на овој прекрасен ден јас малку излегов на сонце со моето ‘Ламборџини’… Ви благодарам на сите за вчерашната поддршка, односно на „Бекстејџ“ за наградата за најдобар поткаст оваа година. Јас се надевам дека Стефан е среќен, ова го направивме заедно, ама целиот благослов е негов. Јас бев само една голема поддршка. дај боже да успеам во биткава со канцерот па да продолжиме заедно да редиме успеси со толкави ѕвезди како на Бекстејџ. Ви благодарам на сите, на Стефан, на сите мои фанови за големата поддршка и се надевам дека ќе успееме да се избориме со оваа опака болест. Јас ќе одам малку на сонце“  – спделил Зоки со кренати “Like“ палци во објавата на Инстаграм.

Ние само би додале едно: „Од негова уста – во Божји уши“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Faci Vasilevski (@zokifaci)

Фото: фејсбук/Stefan Lazarov и Инстаграм/zokifaci

To top