Сончев ден, слободно време и јасна агенда за тоа како треба да се помине и до кого. Речиси сите знаеме да си поставиме ваков план за реализација најчесто кога е викенд, а времето е убаво.
ТВ презентерката Татјана Стојановска својата замисла за еден прекрасно поминат ден ја имаше неодамна кога друштвото на најдрагата и најсаканата дама во нејзиниот живот и беше идеално за прошетка, релаксација, пијачка и закуска.
Татјана и мама Катерина се дружеа како ќерка и мајка под есенското сонце во еден скопски ресторан. Прилика за да се направат неколку фотографии кои Тања ги објави на својот Фејсбук и уште еднаш покажа дека дружбата со мајка си секогаш е посветла и од сонцето, зашто таа е една и единствена, таа е мајка.
Госпоѓа Катерина која инаку работниот век го минува во МВР, не ретко знае да биде поддршка на ќерка си на на јавните настапи кои ги води, да ја гледа, да се гордее и восхитува со својата убавица која судејќи по приложеното убавината ја наследила од неа.
фото: Facebook/ Татјана Стојановска/
Katerina Stojanovska