На ТВ водителката Милена Антовска Станковска експериментите со изгледот на косата во последно време брзо и здосадуваат па одново се враќа на она што и е веќе проверено и сигурно.
Таа сега одлучи дека повеќе не и се допаѓаат светлите прамени кои ги направи летово, па одлучи повторно да го трансформира изгледот.

„Пред да одам на одмор ме шатираа, ама од сонцето некои прамени многу ми осветлеа, а јас баш и не се доживувам како плавуша “ – напиша таа во објаснувањето за слебениците на социјалната мрежа Инстаграм.

Овој пат Милена брзо и лесно се одлучи на ваков чекор и сега повторно блеска од среќа поради тоа што си ја врати омилената боја на коса.
„Јееј си ја вратив мојата боја“ – додаде на следното Инстаграм стори кое го објави пред јавноста.

Милена продолжи да позира пред камерата на телефонот полна со љубов за нејзината коса која дефинитивно премногу и се допадна.

На сето тоа додаде дека и одново се заљубила, но овој пат во шишките кои заедно со старо новата боја и го комплетираа имиџот.

Промените кај Милена секако се добредојдени и ги чека со раширени раце, сепак ако нешто и се згреши лесно и е веднаш да го реши и да се врати по старото.
фото: printscreen/instgaram/milena_antovska




