Радио Милева „кога ќе се поклопат коцките“

Мики Секуловски имаше предрасуди за Цеца, а денес е се’ поблизок со неа: „Сега е моја чест и задоволство“ (фото)

Мики Секуловски имаше предрасуди за Цеца, а денес е се’ поблизок со неа: „Сега е моја чест и задоволство“ (фото)

„Мојата лична гордост, мојата среќа – Мики Секуловски“ со овие зборови српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ го најавува и опишува својот миленик од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, велешанецот кој ја освоиб со својот импресивен вокален талент и го освои второто место.

Ако своевремено Мики имаше предрасуди за фолк музиката, а подоцна за свој ментор во „Ѕвездите на Гранд“ ја доби Цеца, тогаш работите полека почнаа да се менуваат, а тој да има нови погледи.

Па така денес Мики стана редовен гостин на концертите на на фолк дивата, а за истото знае да каже:

-Да се пее со најголемата ѕвезда на Балканот е чест и големо задоволство. Благодарен сум на Цеца за приликата и се надевам дека ќе имаме уште многу заеднички натапи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Во таа насока и почна и да се движи нивната соработка, а Мики беше гостин и на неодамнешниот концерт на Цеца во Зворник каде не го криеше воодушевувањето што е на сцена заедно со неа пред бројната публика.

-Ја продолжувам соработката со неа. Можеби ќе се случи и некој дует, мене ќе ми биде многу драго да се направи нешто со моето и нејзиното пеење и ако прифати ќе ми биде драго, изјави своевремено Мики за „Гранд онлајн“.

Многу вреројатно и очигледно е дека тоа ќе се случи, а на Мики најпосле ќе му се спојат сите коцки од музичката кариера која реши повторно да ја активира по враќањето од Белгија каде живееше околу пет години, а за тоа голема улога ќе има Цеца.

фото:Instagram printscreen/ Facebook/ Miki Sekulovski

 

 

To top