Александра Пријовиќ важи за една од најпопуларни пејачки, а за тоа говорат арените кои ги пополни во Србија и во соседните земји.
Kолегите на Прија обожаваат да ја слушаат како пее, а една од нив е и Јана Тодоровиќ.
Имено, на мрежите се појави видео од приватна прослава на која Пријовиќ и ја пее на Јана песната на познатиот Шабан Шаулиќ, „Анка“.
View this post on Instagram
Изведбата на Прија на познатата песна ја расплака нејзината постара колешка.
Додека Александра пееше, Јана цело време уживаше и кимаше со главата, а солзи постојано и течеа по образите.
Ова не е прв пат Пријовиќ да расплаче колега. Истото се случило и кога била на почетокот на кариерата. Имено, таа на Шабан му ја отпеа „Увек си ми говорила, мајко моја драга“, а кралот на народната музика цело време лееше солзи.
фото: printscreen/instagram