Радио Милева убавина и трпение

Антониа Гиговска и Лила Филиповска не се исто возрасни, ама во едно се максимално согласни: „Треба да ти го сака не само убавото лице…“ (фото) 

Антониа Гиговска и Лила Филиповска не се исто возрасни, ама во едно се максимално согласни: „Треба да ти го сака не само убавото лице…“ (фото) 

Во последно време дружбата на Антониа Гиговска со најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска е очигледна, а дефинитвно имаат слични интереси и тоа не во било што туку во љубовта.

Тие се согласни во тоа дека не е пресудна само убавината туку нешто друго.

Филиповска по двата неуспешни обиди “довека да плови во брачните води“,  не се  одлучува да се нурне по  трет пат,  но знае да открие што е она што го бара кај посилниот пол или во самата себе  како и овој пат, а тоа се живците.

Таа на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде што е редовно активна,  се пошегува и искористи еден цитат со кој што се согласува и го сподели пред следбениците.

„Треба да ти ги сака и нервите не само убавото лице“. Или што би рекле,  неговото трпение и нерви се подеднакво пресудни колку и нејзината убавина.

Исто размислува и пејачката Антони Гиговска која стана сопруга и мајка на млади години, па кај неа оваа мисла е важна од повеќе аспекти.

Таа како и Лила ја „шерна“ оваа мисла на социјалната мрежа, малку подоцна од водителката.

Сепак,  потврди дека и таа верува во тоа,  трпението и нервите  да ги бара како доблест кај другите.

За потсетување, Лила и Антониа  неодамна одлучија  да направат заедно дует, односно Лила реши на кратко да се престори во Антониа и да покаже како би изгледало кога таа би била на местото на  пејачката. Па откако Антониа  го запеа  хитот  „Брига ме“, Лила  и се придружи на младата пејачка. Визуелно изгледаа убаво и атрактивно, а за нервите тогаш, баш и не им беше гајле… Арно ама, тоа трае само до другото сабајле.

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

фото: print Screen/Instagram/antoniagigovskaa/lilafilipovska

To top