Актерката Лидија Вукиќевиќ се појави на јавен настан во Белград и со својот изглед привлече големо внимание.
Блицовите на фотоапаратот не престанаа да светат кога таа зачекори на црвениот тепих, а сето тоа поради тесниот фустан кој ги откри сите нејзини атрибути.
Длабокото деколте, како и шлицот до врвот на бутот ја истакнаа витката фигура на Лидија Вукиќевиќ, на која актерката очигледно напорно работи.
Таа искомбинираше атрактивен, црн фустан со бела чанта и чевли со високи потпетици во слична боја, а што се однесува до фризурата, таа играше на „сигурно“, одлучувајќи се за веќе добро познатите локни.
Инаку, актерката е во седмата деценија од животот. Во јули оваа година таа ќе наполни 62 години, а по нејзиниот изглед тоа никогаш нема даго откриете.
Фото: printskrin/instagram/vukiceviclidija