Марија Шерифовиќ со шеговит коментар ги насмеа своите следбеници. Минатата година пејачката Марија Шерифовиќ доби син кого го нарече Марио, а го доби преку сурогат мајчинство.
Веста дека стана мајка ја изненади јавноста, бидејќи оваа информација ја чуваше во најголема тајност до последниот ден, но од раѓањето на Марио редовно објавува негови фотографии на Инстаграм.
Марија редовно ги известува обожавателите за напредокот и растењето на нејзиниот син, а сега откри дека тој оди, и дека сега како мајка ќе се најде во неволја.
– Тоа е тоа! На*бавме! Дискусхернија – напиша Шерифовиќ на својата Инстаграм приказна.
Да потсетиме, Марија пред неколку дена ги изненади сите кога рече дека се верила, а повеќе за тоа можете да прочитате тука.
фото: printscreen/instagram/