Радио Милева ги откри и полот и името

Јелена Јованова цела бременост ја чуваше во тајност, ама затоа новороденчето јавно го покажа само неколку дена по породувањето (ФОТО)

Јелена Јованова цела бременост ја чуваше во тајност, ама затоа новороденчето јавно го покажа само неколку дена по породувањето (ФОТО)

Рецепционерката Јелена од Драчево нема кој не ја знае, како лик од популарната хумористична ТВ серија „Преспав“.

Токму таа, актерката Јелена Јованова Периќ која последниве години е среќно мажена во Хрватска каде живе и работи ппред само неколку дена се породи. И тоа со второто детенце, за кое детали во старт не откри.

Бременоста за цело време ја криеше од јавноста, па актерката беше трудница во илегала, која не сакаше да се знае дека е во блажена состојба и чека принова се додека не дојде часот да се породи.

И ако при првата објава дека „штркот по втор пат долета“ во нејзиното „семејно гнездо“ не откри никакви детали ни за полот, ниту за името на бебето, денес, само неколку дена од породувањето Јелена сподели нова објава на Инстаграм.

Најпрвин таа објави фотографија од фазата на напредната бременост, каде трудничкиот стомак е како што се вели „нараснат до заби“…

За веднаш по неа да следува и другата, на која за прв пат на јавноста и покажа фотографија од новороденчето.

Описот на објавата пак појаснува уште две непознати нешта. Полот на бебето кое дефинитивно е машко и неговото име, односно дека малечкиот ќе се вика Тома!

Епа Јелена, убав повеќемесечен престој со приновата дома и нека му е среќно добредојде на овој свет на малечкиот Тома!

Фото: Инстаграм/jelenajovanovaperic

To top