Славната пејачка Никол Шерцингер покажа зошто не излегува од теретана.
Атрактивната црнка избра микро танга, оние кои практично имаат само конец на грбот и го изложуваат најголемиот дел од задникот, но никогаш не и недостигала самодоверба, па сака да носи токму такви модели – кои повеќе откриваат отколку што покриваат .
Таа откако ги објави фотографиите за само два часа, тие собраа повеќе од 30.000 лајкови, но и бројни комплименти. „Ох, изгледаш божествено“, „Самиот Бог те изваја“, „По ѓаволите, жено, навистина гориш“, „Ти си божица“, „Ти си кралица засекогаш“, „Какви фотографии“, се само неколку во море од слични коментари.
View this post on Instagram
Инаку, убавата Британка неодамна откри дека е малку загрижена дали ќе може да има дете со вереникот, но и дека тоа навистина го сака.
„О, боже, јас би сакала да имам бебе. Никогаш бегав од тоа. Едвај чекам. Сепак, часовникот отчукува… Сакам да имам бебе, но зафатена сум. Ќе морам да најдам време бидејќи, да, едвај чекам да имам деца“, изјави таа за Тајмс.
Да потсетиме дека таа и Еванс, кој е поранешен шкотски рагбист, се заедно од 2020 година, а се верија минатата година.
Инаку, Никол ја должи својата совршена фигура на внимателно дизајнираната рутина за вежбање, а кога е исхраната во прашање, таа тврди дека јаде се, но умерено и со акцент на поздрави видови храна.
Исто така, таа се грижи секој нејзин оброк да содржи избалансиран сооднос на масти, јаглени хидрати и протеини.
На пример, јаде тост од авокадо со пржени јајца и чаден лосос или здрава овесна каша со шумски плодови. Кога станува збор за вежбање, оваа позната убавица практикува речиси секојдневно одење во теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога, кревање тегови…
фото: print Screen/Instagram