Живот и стил

Дневно внесуваат до 800 калории повеќе: Оние кои работат од дома имаат поголем ризик од дебелеење

Дневно внесуваат до 800 калории повеќе: Оние кои работат од дома имаат поголем ризик од дебелеење

Општ консензус меѓу повеќето од оние кои работат од дома е дека поделената работна недела овозможува поголема продуктивност, поголем фокус и повеќе можности да се завршат работите низ куќата помеѓу состаноците.

Со оглед на тоа дека домашното биро се наоѓа на неколку метри од кујната, за некого тоа може да биде кујнска маса и биро, не можеме да се расправаме со логиката дека ќе нè искушуваат разните грицки што ги има во кујната.

Резултатите велат дека ни е досадно

Популарната апликација за следење на исхраната, MyFitnessPal, објави нова анкета во која детално објаснува како и што јадат луѓето во текот на работните денови дома. Истражувањето на 2.000 хибридни работници од Обединетото Кралство покажа дека тие консумираат до 800 дополнителни калории дневно.

36 отсто од анкетираните хибридни работници признале дека грицкале поради досада и пристапност наместо од глад, а 60 отсто отворено признале дека јадат помалку здраво дома.

Грицкаме и не мрдаме

Без утрински и вечерни патувања, патувања до фотокопир или паузи за кафе во блиското кафуле, работата од дома природно значи помалку движење. Всушност, речиси 50 отсто од испитаниците во истражувањето откриле дека обично не излегуваат од дома кога работат од дома.

Истражувањето покажа дека вработените во просек правеле 4.518 чекори дневно, што е приближно 3.500 чекори помалку од препорачаната цел.

фото: FreePick

Извор: Попара

To top