Кога возрасниот има милион работи на ум, а прави пет работи во истовреме, и детето прашува нешто, во најмала рака, Вашето внимание е поделено и не може да се занимавате со ситниците за она што детето сака… Совет: Не кажувајте „да“ само за да го натерате детето да престане да зборува. Во тој случај, голема е веројатноста дека подоцна ќе има каење.
Понекогаш родителот просто тешко му одолева на детето, па му се препушта на притисокот на настојувањето на малечкото, особено ако имал напорен ден на работа… И, тогаш обично возрасниот се согласува со нешто што вообичаено не би го прифатил.
На пример, детето вреска во полна продавница за играчки затоа што сака да му се купи нешто, па на крајот и го добива тоа зашто сите ја гледаат таа „хистерија“, и на родителот му е непријатно. Сепак, има случаи во коишто не треба да се попушти и да се каже „не“!
Кога возрасниот има милион работи на ум, а прави пет работи во истовреме, и детето прашува нешто, во најмала рака, Вашето внимание е поделено и не може да се занимавате со ситниците за она што детето сака… Совет: Не кажувајте „да“ само за да го натерате детето да престане да зборува. Во тој случај, голема е веројатноста дека подоцна ќе има каење.
Кога детето вика хистерично и „прави сцена“, сè што сакате е тоа да престане и да се смири. Веднаш. Но, дури и ако тоа се случува на јавно место, со дополнителен притисок, не изговарајте „да“ кога не треба.
Следна ситуација: Родителот се чувствува виновен затоа што можеби не минува повеќе или доволно време со децата, па има искушение за некакво „искупување“ кон малечките. Ниту во овој случај, никогаш не треба да се каже „да“ само поради вината и разгалувањето што може да ги надмине границите на разумното.
Натаму, можеби возрасниот понекогаш гледа и се споредува со други родители чии деца се однесуваат подобро од неговите, па им завидува итн. Секако, и ова не треба да биде причина да се биде премногу попустлив кон своето дете.
И кога просто, сѐ уште нема воспоставени граници околу семејните вредности, како што пишува порталот „Аваз“, треба да се биде свесен што прават другите родители и што им дозволуваат на своите деца… Едноставно, понекогаш полесно е да се следи една веќе зацртана патека, отколку да се воспоставуваат свои сопствени семејни вредности. Така, според советот, би требало да се постават здрави граници и во Вашето семејство.
Совет за крај: Она што родителот треба да го направи е да размисли и да ја донесе најсоодветната одлука за тоа што е најдобро за самиот себе и за своите деца.
извор:курир.мк
фото:Freepik