ТВ водителката, писател и музичар Сузана Турунџиева е активна на социјалните мрежи каде најчесто споделува мудри и поучни статуси, фотографии од нејзините активности но и оние каде позира на плажа во котим за капење.
Сузе викендов покажа дека уживала на сонцето и гордо позирала во водата истакнувајќи го своето тело, а многумина се согласија дека никогаш не изгледала подобро, па не се колеба да го покажува своето убаво тело одвреме-навреме.
Токму таква и беше вчерашната објава, каде доминираше летната атмосфера со песок, плажа и нејзиното провокативно издание.
Таа сега откри дека го сака летото па не двоумејќи се напиша : „Животот е таму каде што е плажата“.
View this post on Instagram
На фотографијата следбениците можеа да ги видат нејзините извајани нозе, а под објавата се редеа допаѓањата и коментарите.
„Браво Сузе“, „Времето за тебе е застанато“, „Многу си убава“, и пишуваа тие а и оставија и емотикони во форма на срце.
Сузана Турунџиева (55) многу се грижи за својот изглед, а многумина веруваат дека таа воопшто не се променила низ годините.
фото: print Screen/ Instgaram/suzana_turundzieva