Радио Милева тешко да заплива во тие води

Наташа Беквалац дипломирала со десетка: Никогаш нема да погодите што е по струка (фото)

Наташа Беквалац дипломирала со десетка: Никогаш нема да погодите што е по струка (фото)

Наташа Беквалац рано влезе во музичките води, а професионалната пејачка кариера ја започна на 20 години.

Не ѝ требаше многу време за да се здобие со голема популарност, меѓутоа, помалку е познато дека и таа паралелно се образувала, а ретко кој знае што всушност работи новосадската Барбика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Имено, Наташа со највисока оценка дипломирала на Вишата школа за спортски тренери, а љубовта кон спортот ја наследила од својот татко, кој е фудбалски експерт.

– Беше многу убаво кога дипломирав со А. Во тој момент добив желба да го продолжам образованието – изјави еднаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Иако не планира да се откаже од својата пејачка кариера, таа признава дека може да се замисли како се занимава со она што е по струка.

– Се гледам себеси во некој убав фитнес центар, како им помагам на луѓето да се одржат во форма или да станат витки. Ова е она што сакам да го правам во иднина. Јас сум одличен теоретичар, но лош практичар. Знам дека им кажувам на другите за придобивките од здравиот начин на живот, но живеам како во кампања, јадам нередовно. Се случува да изгубам десет килограми за дваесет дена – признала тогаш Наташа, пренесува „Хелоу“.

фото:Instagram printscreen/ bekvalceva

To top