Радио Милева Навлечени на апликации

Што преферираат, колку се слични или различни, какви заеднички стравови имаат познатите Македонки: „Јајце на јајце“ или „небо и земја“?

Што преферираат, колку се слични или различни, какви заеднички стравови имаат познатите Македонки: „Јајце на јајце“ или „небо и земја“?

Интернетот секојдневно нуди нови можности, а меѓу останатото и апликации кои (навидум) се од забавен карактер, ама ако подобро ги простудирате, и самите ќе заклучите дека и тоа како го опишуваат вашиот карактер. Или поточно личноста, на оној што ќе ги пополни! Можеби не 100%, ама доволно за да му ги дознаете, желбите, потребите, навиките, стравовите… Со еден збор – нешто како мини профил на личноста, со која потоа можете да ги споредите разликите или сличноста.

На нив најмногу се навлечени припадничките од понежниот пол, а имуни не останаа ни некои од нашите дами од јавниот и естрадниот живот. Што преферираат, колку се карактерно слични или различни, од што се плашат, какви заеднички потреби, навики, ама и стравови имаат познатите Македонки, ќе дознаете од неколкуте примери кои како показен урнек ги земавме. Така на пример ќе дознаете дали моделот Александра Накова, инфлуенсерката Миа Костова и првата „Онли Фанс“ девојка кај нас Теодора Мартиноска  колку и да се физички и професионално различни, се карактерно слични како  „јајце на јајце“ или пак една со друга во се’  живо се разликуваат како „небо и земја“?

Александра Накова, некогаш манекенка,модел и ријалити учесничка денес само модел и сопственичка на бутик за женска гардероба во родната Гевгелија себе си се доживува како екстроверна личност… Што значи дека сака  секогаш да биде опкружени со луѓе, да биде забавна, динамична, енергична, шармантна, често во центарот на вниманието на секој настан, иако понекогаш може да биде многу напорна и да изгледа како арогантна…

Такви се и бившата ТВ водителка денес најпозната македонска инфлуенсерка Миа Костова и првата Македонка која се осмели да отвори своја  „Only fans“ страница за возрасни, Tеодора Мартиноска.

Ноќта е време кога Накова и Теодора ја покажуваат сета своја магија на шарм и заводливост, додека Миа е ранобудник, утринска дама која повеќе го сака блесокот на изгрејсонцето отколку сјајот на месечината…

И Александра и Тодора, ако не мора или повеќе не се може, не се „силуваат“ да останат, туку се повлекуваат и си заминуваат. Миа пак е фајтер по природа, борец кој останува… до крај, без оглед на исходот!

Вечерата  за сите три очигледно не е само обичен оброк, туку многу повеќе од тоа… Социјален ритуал, во кој многу често гладтта не е ни важна. Особено ако друштвото е посакувано, а локацијата волшебна.

За трите убавици исто така е заедничко што кафето, а не чајот за нив е волшебниот напиток. Заради содржината или исто така ритуалот на пиење, а можеби и заради обете нешта.

Мачките се милозливи, но кучињата се верни, а верноста е она што и гевгелиската и скопската убавица го ценат и посакуваат. Ка ј расната и бујна стружанка, ситуацијата е малку понаква. Нејзе некако и е сеедно… Важно е да има што да погали!

Од социјалните мрежи Инстаграмот им е на сите три најомилен. Заради тоа што таму најмалку се споделуваат зборови, туку сликата сама за себе зборува кога е во прашање Накова, заради тоа што Миа од него живее, а Теодора на него го рекламира и најавува она од што добро заработува – својата „Онли Фанс “ страница?!

И последната заедничка нитка што ги врзува, барем од она што е содржано во апликацијата им е сончевата страна. Сите три многу повеќе ја сакаат сончевата прагматика отколу  дождливата романтика!

Кога сме веќе кај апликациите, за една друга, само малку поинаква „се фатија“ две познати македонски поп пејачки. Тамара Тодевска и Кристина Арнаудова тргнаа да си ги препознаат своите најголеми стравови. Која од што најмногу се плаши, каква фобија има, која што ја вади од памет и при самата помисла…

Така, Тамара има голем страв од височина… Само таа си знае како и е кога со лета со авион, ама кога се мора – мора… Затоа да се вози на „ролер – костер“ никако не мора. Од височина и турболенции и се мачи, па и да и платат на него не би сакала да се качи.

Она што изненадува е дека Тамара ја плашат луѓе… Чудно, а можеби и не, зашто работи со луѓе, а она што го работи е исклучиво за луѓе. Конечно,  професијата и е врзана за непосреден контакт со публика. Ама какви се’ луѓе денес има, каков џган… Можеби стравот и’ е и затоа оправдан?

И конечно, она што пејачката го означила дека ја плаши како последен одговор е тесниот простор. Или поинаку кажано – клаустрофобија.

Што би рекле, во лифт сама никако, па ни во туш кабина… Впрочем, кога не си сам под топлите млазеви на тушот и лезетот е поинаков…

Кристина Арнаудова пак, најмногу се плаши од одредени „животинки“… Влекачи, инсекти, морски предатори…

Некои со отров во забите, како змиите или пајаците, други со  вилица како моторна пила, каква што има една ајкула.

Она што од стравовите и е заедничко на Арнаудова со Тамара е турболентното возење угоре – удолу по шини на височина или таканаречениот „ролер-костер“!

Покрај него не би се сликала ни за на постер! Од самата помисла на истиот и се мачи, а камо ли пак на него Кристина да се качи!

Фото: Архива + Инстаграм/tamaratodevska/kristina_arnaudova/itstteaa/naleksandraofficial/miandrija

To top