За основата:
200 гр чоколаден бисквит
45 гр путер
За кремот:
450 гр крем сирење
135 гр шеќер
2 јајца
2 лажици мача зелен чај во прав
1 лажичка екстракт од ванила
За декорација:
јагоди, или други бобинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Бисквитот изблендирајте го што поситно.
Во садот ставете ги бисквитот и растопениот путер и убаво измешајте.
Истурете во плех обложен со хартија за печење.
Основата се пече 10 минути во рерна загреана на 175 степени.
Извадете го калапот и намалете на 150 степени.
Во поголем сад ставете ги крем сирењето и шеќерот, па матете три минути додека не добиете кремаста смеса.
Продолжете со матење, па додадете ги јајцата едно по едно.
Додадете мача во прав и екстракт од ванила и матете додека смесата не стане компактна.
Истурете ја смесата во калапот и печете 45 минути.
Оставете ја во рерна со отворена врата неколку минути, а потоа извадете ја и оставете ја да се излади.
Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер, па декорирајте со мало овошје.
Добар апетит!
фото: FreePick