Ќерката на Анџелина Џоли и бред Пит официјално се откажа од презимето на татко и, па отсега се вика само Шило Џоли.
Таа во мај поднесе барање за законско откажување од презимето на татко и, откако тоа неофицијално го направиле и нејзините сестри Захара и Вивиен. Меѓутоа поради грешка на судот, постапката се одолговлече, а рочиштето било одложено. Новото рочиште се одржа вчера па така Шајло и официјално го смени своето презиме во Џоли.
Шајло неодамна во „Њујорк Тајмс“ објави дека се откажува од презимето на татко и, бидејќи според законот во Калифорнија личето коешто го менува сопственото име, своето барање за промена мора да го објави во локалните дневни весници. Шило исто така е и првото дете на Анџелина и Бред коешто судски се откажало од врската со таткото.
Бред Пит веќе со години нема никаков контакт со синовите Мадокс и Пакс, а се верува дека Анџелина поднела барање за развод токму поради конфликтот на Бред со Мадокс во нивниот приватен авион, при што Мадокс сакал да ја одбрани мајка му.