Радио Милева тип-топ

Пензионерка која не им се дава на годините: Србите ја имаат Лидија Вукиќевиќ, а ние нашaта актерка Стојна Костовска (фото)

Пензионерка која не им се дава на годините: Србите ја имаат Лидија Вукиќевиќ, а ние нашaта актерка Стојна Костовска (фото)

Кога ќе се спомене името на актерката Стојна Костовска, првата асоцијација се Македонските народни приказни, иако нејзината биографија е богата со бројни филмски, театарски и улоги во ТВ серии.

Нејзиниот белег се токму приказните по кои остана препознатлива и денес.

Ѓоспоѓа Стојна иако е пензионерка од 2022 година, завршувајќи го својот работен век во Македонскиот народен театар, таа не ретко добива понуда за некој актерски ангажман и денес.

Важи за дама со стил која не им се дава на годините, а наскоро, односно на 31-ви март Стојна ќе го прослави својот 70-ти роденден.

Неодамна со сопругот Зоран прославија 45 години брак, па по тој повод на својот Фејсбук профил таа објави заедничка фотографија акцентирајќи на годишнината.

Секогаш средена од глава до петици, Костовска преферира да си го направи сопствениот мерак и да и биде убаво на душа со тоа што ќе биде модерна и трнди, без оглед на тоа дека наскоро ќе почне да ја ситни осмата животна деценија.

Тесни фустани и фармерки кои ја оцртуваат линијата на телото, високи потпетици, долга средена коса, шминка, Стојна е вистинск пример дека онака како се чувствуваш одвнатре, така и рефлектираш однадвор.


Ако Србите може да се пофалат со тоа дека ја имаат згодната актерка Лидија Вукуќевиќ (61), ние ја имаме нашата шармантна дама Стојна Костовска.

фото:Facebook/ Stojna KOstovska

To top