Промотер

Лара Иванова со ЕП серијал од четири песни со видео записи – „Само лага“, „Само ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“ (ВИДЕО)

Лара Иванова со ЕП серијал од четири песни со видео записи – „Само лага“, „Само ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“ (ВИДЕО)

За првпат во историјата на македонската поп музика се објави серијал од четири песни и четири видео записи, според најсовремени стандарди.
Зад овој  музички проект се потпишува Лара Иванова и како артист и како дел од авторскиот тим.

Само ЛагаРизикТоксин и Таму Горе се песните кои ќе се објавија денеска, 2-ри Август 2024 и претендираат остават длабоки траги во македонскиот музички етер и да бидат со трајна музичка вредност.

Веќе подолг период  сре очекуваше датумот на објавување на песните, а од денеска сите имаат можност да го слушнат новиот звук и погледнат видеозаписите на YouTube каналот на Лара Иванова.

Сите песни ги поврзува слична љубовна тематика, со силна емоција, но различен ритам. За Лара Иванова ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во нејзината музичка кариера, но и најголемо остварување како автор. За сето ова особено им се заблагодарува на сите соработници, кои го вложиле секој нивен атом на енергија, љубов и поддршка.

Во тимот за видеопродукцијата се вбројуваат десетина професионалци, односно Били Д., Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип
Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Покровители на овој музички проект се Soloprom, Miniso, Autowelt, Zanov, Owl Mixology, Goldenbarrel Poolbar, Dress Code и Brainster.

Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков, кои секоја песна ја издигнуваат на ниво погоре и создаваат впечатливи музички дела.

Лара Иванова пак, е една од оние домашни пејачки кои со неисцрпна посветеност се вложуваат на музичката сцена. Со  објавувањето на Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се означува почетокот на новата ера во нејзината кариера.

Како звучат и изгледаат видеата за песните дознајте со клик на секоја од нив – тука: Само ЛагаРизикТоксин и Таму Горе .

To top