Радио Милева романтични работи

„Малку ми е срам“: Жељко Јоксимовиќ откри непознати детали од бракот со Јована (фото)

„Малку ми е срам“: Жељко Јоксимовиќ откри непознати детали од бракот со Јована (фото)

Пејачот Жељко Јоксимовиќ веќе 16 години ужива во љубовта со сопругата, водителката Јована Јоксимовиќ.

Нивната љубовна приказна започна на Евровизија во 2008 година, кога беа домаќински пар, а сега се еден од најхармоничните парови на јавната сцена.
Јована и Жељко се заколнаа на вечна љубов кога организираа тајна венчавка на 20 јануари 2012 година. Сè организирале на Малдивите, каде го поминале и првиот заеднички одмор.

Овој пар од бракот го има синот Коста кој се роди во 2014 година, додека во 2017 година се родија близнаците Ана и Срна.

Жељко еднаш откри дека не е особено романтичен, но дека во нивната врска не недостасува љубов.

– Никогаш не сум се сметал за романтичен, малку ми е срам  – низ насмевка изјавил Јоксимовиќ и додал дека со романтични работи се занимава неговата сопруга Јована, која често знае со Жељко да договара прекрасни моменти.

Јована на Жељко му приреди прекрасно роденденско изненадување, а Јоксимовиќ со многу драго се сеќава на овој прекрасен гест:

– Таа ми го честиташе роденденот и до половина од концертот не видов дека организирала лента низ целата арена и кога го вклучија светлото реков „боже мој“ – рече Жељко Јоксимовиќ.

фото: printscreen/instagram/zzeljko

To top