Љубов и секс

Редовниот секс го подобрува помнењето

Редовниот секс го подобрува помнењето

Најново истражување ви дава уште една причина повеќе зошто треба да одржуваат здрав и активен сексуален живот и по 50-тата година: сексот го подобрува помнењето.

Според податоците од над 6.000 испитаници на возраст од над 50 години, здравиот сексуален живот може да ја подобри краткорочната меморија кај возрасните мажи. Резултатите од истражувањето беа објавени во мај во журналот Archives of Sexual Behavior.

Беше спроведен тест на 6.016 мажи и жени во кој беа офатени тестови и прашалници за здравствената состојба, начинот на исхрана, сексуалната активност и емотивната поврзаност со нивните партнери. Две години подоцна процесот беше повторен и научниците од Универзитетот Волонгонг во Австралија ги споредија резултатите за да утврдат што се променило во тој временски период.

Генерално, помнењето кај испитаниците ослабело со тек на време, но оние испитаници кои имале повеќе секс и чувствувале посилна емотивна поврзаност со партнерите за време на сексуалниот однос, имале подобри резултати на тестовите за помнење.

Сепак, подобрувањето било забележано само кај краткорочната, но не и долгорочната меморија.

Научниците сметаат дека сексот го стимулира хипокампусот, дел од мозокот задолжен за помнење.

Редовниот секс нуди и многу други здравствени поволности, како зголемен имунитет и намален стрес, а исто така ве прави и посреќни. Кај мажите, активниот сексуален живот помага да се заштитат од рак на простата.

фото:FreePik

To top