Атрактивната и талентирана скопјанка Андријана Петрушовска по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“ е турбо активна со настапи низ земјата. Клубовите и дискотеките се почесто ја ставаат во агенда на настани, приблката сака да ја гледа и слуша во живо, а пак таа создадена за на сцената прави атмосфера за која се прераскажува.
View this post on Instagram
Андријана време за одмор нема, батериите ги полни со фитбекот кој го добива од публиката, а тоа и е сосема доволно да остане под полна пареа цело лето.
Изминатите месеци најмногу ја гледавме на телевизија од најгледаното регионално музичко “Ѕвездите на Гранд”, шоу каде заврши како третопласирана, а сега публиката има прилика да ја гледа и слуша непосредно, и тоа сите фанови низ цела Македонија, па и оние што допрва ќе и станат обожаватели откако барем еднаш ќе и дојдат на настап.
View this post on Instagram
За секој настап Андријана Петрушовска е атактивна и своја, женствена и маркантна со својата долга црна природна коса, витата става, впечатливите очи и полни усни со кои плени и шармира, а пак кога ќе запее, е тогаш освојува во целост.
Во една од тие прилики се „скоцка“ во издание од кое направи мала, но доста впечатлива промена од која би се запрашале дали навистина е таа? Косата најчесто ја носи пуштена направи и шишки, но овој пат реши да ја измазни и затегне наназад, да се нашминка нешто поразлично од вообичаено, а ефектот беше ултра впечатлив.
Ова секако беше прилика за фотка на „стори“ за Инстаграм каде редовно е активна и објавува видеа и фотографии од нејзина македонска турнеја низ градовите.
Неодамна најави дека за неа допрва ќе се слуша, бидејќи не само настапите се она на што е посветнеа, туку и авторските пероекти кои се подговруваат и се пеиoритет.
фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska