Радио Милева во сеќавање

Вака Панчо се исповедаше лани: „Ме боли, и се смеам и пеам за да ја покријам тагата“ (фото)

Вака Панчо се исповедаше лани: „Ме боли, и се смеам и пеам за да ја покријам тагата“ (фото)

Владимир Блажев, попознат како Панчо ДНК беше познат по својот отворен пристап и јавни изјави. Кон почетокот на месец јули минатата година беше хоспитализиран поради летен вирус, а и тогаш пред своите следбенци и пријатели го кажа својот здравствен проблем.

Она што е слика на социјалните мрежи, па дури и во реалноста, не секогаш е вистинската за она како се чувствуваме и тоа што вистински се случува и доживува. Панчо тогаш преку една своја јавна изповед која ја постави на своите „стори“ од Инстаграм напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

-Јас не знам каква мака и болка имате, но вие не знаете каква болка и мака имам јас. Секогаш ме гледате насмеани, дружељубив,но одлабоко во себе ме боли и се смеам и пејам за да ја покријам тагата. Затоа никогаш не ги судете луѓето бидејќи не знаете каков товар носат во себе. Насмејте се и пробајте да им помогнете, ако не можете , барем немојте да им одмогнувате.

Што конкретно го поттикна за вакво обраќање тогаш не дополни во продолжение, но ако се осврнеме генерално на се’ она што е наше опкружување, лесно е да се дефинира како надоврзување токму она што го кажува тој.

Панчо исто така отворено зборуваше и за својот проблем со анксиозноста, и тоа најмногу поради тоа што оваа болест на модерното време е таква што многумина се соочуваат со истата, но ретко кој има храброст да проговори јавно и со тоа да помогне и сочувствува со сите кои ја живеат оваа прихолошка состојба.

Во шок и неверување, во средата (14. Октомври) ја примивме веста дека Владимир Блажев – Панчо по седум месечна здравствена борба, почина  како последица на трагегијата од пожарот во дискореката „Пулс“ во Кочани.

Тој седум месеци беше хоспитализиран, неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животнозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот персонал и покрај целата борба и се’ што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот.

За жал, трагедијата во Кочани зеде уште една, 64 жртва ( заедно со починатиот притворен полицаец)…  Замина уште една македонска музичка легенда, човек чија музика беше дел од нашето секојдневие, од нашите спомени и емоции.

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан и сопругата Маја.

фото:Instagram printscren/ djshortypofficial

To top