Радио Милева нека блеска

Иста плетка, но различна глетка: За познатите Македонки овa е задолжителен фустан летово (фото)

Иста плетка, но различна глетка: За познатите Македонки овa е задолжителен фустан летово (фото)

Златната боја симболизира луксуз и загатка, а кога е ставена во моден контекст, треба да се пристапи кон изборот на ваквата облека со голема претпазливост, бидејќи премногу светла и богато украсена облека ќе ве претвори во примерок од лош вкус.

Ако тоа знае добро да се стилизира и изведе во пакет, може да изгледа совршено.

Речиси секој од престижните модни брендови во своите колекции досега многупати презентирале „златен“ фустан во ваква или онаква варијанта, но оној што ова лето е „must have“, а се наоѓа на листата на една комерцијална етикета која ја има и на нашиот пазар, чини 2000 денари.

Познатите Македонки веднаш го бендисаа плетениот полупроѕирен златен фустан од метализиран конец кој според секоја од нив може да биде одличен и за на свеченост, но и за на плажа.

Па така, Сузана Гавазова избра да го носи на настап, додека Антониа Гиговска го облече како дневна варијанта за свадбата на својот брат.

Фитнес инструкторката Ана Стојанова замисли дека треба да го носи на плажа и тоа на зајдисонце да направи една прекрасна фотосесија од која ефектот на фустанот кај неа е највпечатлив.

Овој модел ја следи линијата на телото, ја нагласува женственоста и сексапилот, а која од овие Македонки е ваш златен фавориот изберете сами.

фото:Insatgram printskrin/stankov antonio/zara printskrin

 

To top