Љубов и секс

Деталите се важни: Постојат мириси кои ја убиваат желбата за секс

Деталите се важни: Постојат мириси кои ја убиваат желбата за секс

Изборот на погрешен парфем може да ја уништи вечерта

Правилно избраниот сензуален парфем ќе има посилен ефект кај мажите отколку секси долната облека…

Но, од друга страна, погрешниот мирис ќе уништи се.

Колку е важен изборот на парфем покажува и анкета во која припадниците на посилниот пол откриле кои мириси едноставно не ги поднесуваат кај жените.

Старински парфеми

Дали некогаш сте почувствувале парфем на постара личност што никогаш во животот не сте го имале и не би го ставиле? Токму таквите ноти припаѓаат на старинсите парфеми, а пред се мислиме на оние кои биле популарни во минатиот век. Не можат да го возбудат машкиот пол и тоа премногу ги одбива.

Слатки парфеми

Колку и да е една жена згодна, негувана и елегантна, таа ќе ја убие желбата кај мажот ако користи „засладени“ парфеми бидејќи наликуваат на детски слатки. Преслатките парфеми кај мажите предизвикуваат два чекори наназад и ја убиваат секоја желба за интимен однос.

Ванила

Кој би помислил дека мирисот на ванила им пречи? Мажите сакаат ванила, но кога се работи за колачи или сладолед. Многу жени сакаат купки и лосиони за тело со мирис на ванила, но за мажите тие се „тврди“, слатки и нималку привлечни.

Тутун

Ниту еден маж не сака жената да мириса на цигари. Она што е интересно е што воопшто не е важно дали се пушачи или не. Многумина од нив чувството на бакнеж го опишуваат како „допирање на пепелник“, а како што велат, тој непријатен мирис им остава впечаток на несоодветна хигиена.

Унисекс парфеми

Колку и да мислат дека е убав парфемот, на мажот не му се допаѓа ако жената користи ист парфем како него. Тие сакаат жената да мириса женствено, а не да ги потсетува на нивниот пријател или блиска машка личност.

извор:popara.mk
фото:Freepik

To top