Љубов и секс

Пет работи кои секоја жена може да ги направи за повеќе да ужива во сексот

Пет работи кои секоја жена може да ги направи за повеќе да ужива во сексот

Иако повеќето жени фантазираат за сексот кој завршува со оргазам, во многу ситуации оргазмот изостанува. Причината зошто тоа често се случува е недостатокот на квалитетна комуникација.

Сепак, секоја жена може да му помогне на својот партнер да доживее оргазам. Подолу ви претставуваме неколку работи што можете да ги кажете или направите за да го остварите тоа.

1. Искажете ги вашите желби и желбите на партнерот

Сексот е „тимски спорт“. Иако темите поврзани со сексот сè уште често се дискутираат со претпазливост, доколку не му ги соопштите вашите желби на партнерот, го оставате да „бара во темнина“.

Она што треба да го знаете е дека вие заслужувате да доживеете оргазам, а тој заслужува да знае како да ви го оствари тоа. На почетокот можеби ќе ви биде тешко да кажете некои работи гласно, но не се откажувајте додека јасно не ги изразите вашите желби. Тоа може да бидат некои фетиши, играње улоги и се друго што може да му помогне на вашиот секс.

2. Бидете негов водич низ вашите ерогени зони

Жените, покрај вообичаените, имаат и посебни свои ерогени зони. Можеби вашиот партнер прескокнува некои делови од вашето тело кои не се вашата вообичаена ерогена зона. Исто така, можеби ќе ви треба подолга стимулација на некои делови. Споделете го сето ова искрено со нив, а резултатот ќе биде поголемо задоволство.

3. Земете ги неговите раце и водете го

Има моменти за време на сексот кога сакате партнерот да ве допира на одредено место, но не може да ви ги прочита мислите. Наједноставно решение е да го фатите за рака и да му покажете што сакате.

4. Кажете „не“ јасно

Многу жени за време на секс прават работи кои не им одговараат. Сепак, треба да му кажете на вашиот партнер што ви прави непријатно. Ако само молчите и ги следите желбите на партнерот, ќе бидете подалеку од оргазам.

5. Зборувајте за несигурностите

Вашите несигурности можат да создадат ментален блок и да ја уништат потенцијалната забава. Можеби сте загрижени за здодевноста на вашиот партнер? Можеби сте загрижени за позицијата? А можеби се борите со телесните несигурности? Споделете ги вашите размислувања со партнерот, разговарајте искрено и отворено. На крајот ќе сфатите дека немате за што да се грижите, а партнерот ќе ви помогне да се ослободите од вашите несигурности.

Извор: Попара
фото:Freepik

To top